Македонија

Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај Папрадиште

Хеликоптерот на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожарот кај Папрадиште

Хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска дејствуваше на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше.

Во 11 циклуси беа исфрлени над 20 тони вода, со што беа локализирани дел од жариштата.

Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Српското министерство за внатрешни работи, со што е спречено пожарот да се развие кон с.Папрадиште.

Најнови вести од Македонија

To top