На 01.08.2024 во 12:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(26) и С.Ј.(25), двајцата од Скопје.
Имено, при извршен претрес по претходна судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, во стан каде престојувал С.Ј., биле пронајдени и одземени марихуана и пари.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.