На 24.07.2024 во 12.30 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Х.(47) од Кочани, затоа што во семејната куќа во Кочани физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.К.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 15.05.2024 во Тетово, пријавениот физички ја нападнал неговата 21 – годишна сопруга и ѝ нанел повреди.