На 25.07.2024 во 05.15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ.(44) од Охрид.
При преглед кај него е пронајден лаптоп компјутер, кој е предмет на кривично дело „кражба“, извршена претходно во сместувачки објект на улица „Цар Самоил“ во Охрид.
Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.