Свет казни

Белгија ќе ги казнува сите во возилото за еден патник што не ставил појас

Многу земји маки мачат со непослушните возачи, како и со патниците во возилата.

Белгија ќе ги казнува сите во возилото за еден патник што не ставил појас

Многу земји маки мачат со непослушните возачи, како и со патниците во возилата.

На пример, носењето појас во возилата е сè уште неразбирливо дејство за многумина, а последиците можат да бидат фатални во случај на судир.

Ова особено се однесува на патниците на задното седиште во возилото, кои сè уште имаат навика да се возат без појас, со што се загрозуваат себеси и оние што седат пред нив.

Поради оваа причина, Белгија подготви измени во својот Закон за патен сообраќај кои ќе бидат активни од 1 септември.

Заедно со низата дополнувања, вреди да се спомене и казната за сите патници во возилото доколку некој од нив не носи појас. Во основа, неврзаниот ќе плати 100 евра, но исто толку ќе платат и возачот и другите патници во возилото, дури и да се врзани. Тие ќе бидат казнети затоа што не извршиле влијание врз личност која не е врзана. Конечно, сите лица во автомобилот, на пример, ќе платат 150 евра доколку еден од патниците што нема ставено појас е дете.

Најнови вести од Свет

To top