Претседателот на САД, Џо Бајден се очекува на 25 јули да го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, изјави неименуван американски претставник.
Бајден заздравува од Ковид-19, но денеска се враќа во Вашингтон од неговата куќа во Делавер. Додека Нетанјаху утре ќе се обрати пред Конгресот.
Предвидено е Бајден и Нетанјаху да разговараат за начините за постигнување договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, како и за Иран и други теми.
Тоа ќе биде прва средба на Бајден со странски лидер откако тој одлучи да не се кандидира за реизбор и ја одобри потпретседателката Камала Харис како негов наследник како демократски претседателски кандидат.
Исто така е предвидена и средба на Харис со Нетанјаху.