Во Собранието на Република Македонија денеска се одржаа седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.
На првата седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност беше присутен и министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски.
Единствена точка по која расправаат членовите на Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија е Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.
Прва седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која беше присутен и министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.
Продолжуваме. 🇲🇰
Posted by Бојан Стојаноски on Monday 22 July 2024