И денес сликата на граничниот премин „Табановце“ не е поразлична од останатите денови. Стотици возила чекаат да ја преминат македонско-српската граница. Според информациите се чека и над 40 минути за влез во државава.
Иста е ситуацијата и на „Богородица“ каде и таму се чека околу 40 минути за излез од Македонија. Од АМСМ известуваат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен сообраќајот се пренасочува низ градот Битола поради активен пожар. Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај с.Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци се вели во соопштението на АМСМ.