Вестон Кејџ Копола, синот на Николас Кејџ, беше уапсен поради напад на сопствената мајка.
The Sun објави дека Вестон бил уапсен во средата во Лос Анџелес, неколку недели откако неговата мајка Кристина Фултон била видена со модринки.
-Можам да потврдам дека Вестон Кејџ Копола беше уапсен денеска поради напад со смртоносно оружје, изјави портпаролот на полицијата во Лос Анџелес.
Nicolas Cage’s son Weston, 33, is arrested ‘for assaulting his mother during mental health crisis’ https://t.co/mAEPruwEEg
— Daily Mail Australia (@DailyMailAU) July 10, 2024
Се верува дека Николас Кејџ го извадил својот син од затвор, со кауција од 150.000 долари. Наводно, се работи за инцидент од 28 април, по што Фултон била снимена со модринки на лицето. Како што објаснил изворот за The Sun, нападот се случил по „криза на менталното здравје“.
Полицијата тврди дека Вестон имал вербална расправија со мајката пред наводниот физички напад, поради што таа завршила со модринки, пренесува People.
Weston Cage Arrested For Alleged Assault with Deadly Weapon on His Mother | Click to read more 👇 https://t.co/zoc1rjnWoI
— TMZ (@TMZ) July 11, 2024
Актерката проговори за „страшниот инцидент“ уште во мај, велејќи дека не и претходела расправија. Во својата изјава 56-годишната актерка појаснила дека и се јавиле неговите пријатели поради менталната криза која ја имал, а таа ескалирала откако го посетила.
-Отсекогаш му помагав на мојот син во неговите борби со менталното здравје. Правам се што можам за да му ја дадам постојаната поддршка што му е потребна, рече тогаш таа.