Министерот за здравство Арбен Таравари во изминатите неколку дена именувал неколку нови в.д. медицински директори, соопшти Министерството за здравство.
-На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, додека на Клиниката за детски болести за директор е именуван д-р Реџеп Мемеди, стои во соопштението.
Оттаму додаваат дека во Градска општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски.