Џастин Бибер е фотографиран на аеродромот во Мумбаи, каде што пристигнал да пее на свадба на еден милионер.
Музичката ѕвезда и иден татко Џастин Бибер веќе некое време е на пауза, па многу фанови се прашуваат кога ќе објави нова песна и ќе закаже концерти. Последната турнеја ја прекина во 2022 година, објаснувајќи дека сака да се посвети на своето здравје.
Бибер не е имун на пари, па се шпекулира дека за 10 милиони долари решил да стави крај на паузата, а можеби и здравјето му се подобрило.
View this post on Instagram
Додека тој и неговата сопруга Хејли Бибер го чекаат своето прво дете, Џастин се упати во Мумбаи, Индија, каде ќе настапи на свадбата на индискиот милијардер Анант Амбани. Неговиот настап се очекува да биде врв на вечерта на која ќе настапат познати личности од целиот свет.
Бибер беше фотографиран во Мумбаи, каде го привлече вниманието на минувачите и папараците. За неговото пристигнување во Индија избра необична модна комбинација – широка розова маичка и црвена капа.
Свадбата на 29-годишниот Анант Амбани со Радика Мерчант, која е негова љубов од детството, треба да се одржи на 12 јули. Пред самата церемонија, најбогатиот човек во Азија, Мукеш Амбани, по повод венчавката на неговиот син Анант приреди разни забави за своите гости.