Македонија УХМР

Следува период на многу топло време, температури до 40 степени

Следува период на многу топло време, температури до 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.

Во почетокот на следната седмица во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Времето утре (7 јули) ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат до 38 степени во Гевгелија и Демир Капија. Во Скопје температурата се предвидува да достигне до 37 степен.

Од понеделник до петок следната недела максималната температура ќе се движи до 40 степени.

To top