Македонија мвр

Тошковски на средба со германската амбасадорка

Тошковски на средба со германската амбасадорка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на БЈБ и дел од тимот оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.

-Искрено се заблагодарив за досегашната соработка и искрена поддршка од страна на Сојузна Република Германија, која треба да продолжи и во иднина притоа потенцирајќи ја нашата определба што поскоро да станеме дел од европското семејство. На амбасадорката и ги претставив главните цели кои ќе бидат во нашиот фокус во наредниот период како борбата против организираниот криминал и корупција која не треба да биде само декларативно туку вистински, реструктуирање на министерството и креирање на функционална систематизација, како и дигитализација на голем дел од процесите, истакнува Тошковски.

Амбасадорката покрај честитките, ја потенцираше успешната досегашна соработка, посебно во делот за Центарот за обука на МВР и опремата која ја имаат донирано на министерството и ги поздрави нашите заложби за реформи и модернизација на МВР.

Министерот истакнува дека на крај заеднички заклучиле дека директната соработка и пријателските односи ќе продолжат и ќе се интензивираат во следниот период, со цел засилување на борбата против криминалот, како и за владеењето на правото и зголемување на безбедноста на сите граѓани.

To top