Хроника тешко повреден возачот

Возач изгубил контрола врз автомобилот и се забил во ограда од мост

На 17.11.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш-село Ораовица, на место викано „Рудина“, И.Ѓ.(66) од село Јаргулица, радовишко, управувајќи патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда од мост.

Возач изгубил контрола врз автомобилот и се забил во ограда од мост

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

To top