Репрезентацијата на Полска го заврши натпреварувањето на ЕП, по поразот од Австрија со 3:1 вчера.
На натпреварот во Берлин вчера на овој стадион, полни раце работа имаа медицинските служби кои беа присутни на оваа средба.
Како што пренесуваат медиумите во Германија, еден навивач на Полска завршил во болница откако паднал од дел од трибините и тоа од висина од 4-5 метри.
Портпарол службата на итната помош, потврдил дека несреќниот навивач паднал од трибини и дека му е укажана брза медицинска помош на лице место, па во болница. Тој се здобил со неколку повреди, бил на кратко без свест и веднаш бил пренесен во болница, каде е задржан.
Според извештаите на полицијата во Берлин, нема знаци дека на падот му претходел некој инцидент, туку тоа се случило од невнимателност на самиот навивач.