Неколку часа пред првиот натпревар на Португалија на Европското првенство во Германија, суперѕвездата и капитен на тимот, Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи за да испрати порака до навивачите на „морнарите“.
Роналдо објави видео од себе со репрезентацијата на Португалија. Импресивно е и вклучувањето на голем број кадри со португалски навивачи.
„Португалци, денес започнува ново поглавје во нашата историја. Со задоволство се сеќавам на мојот прв ден со репрезентацијата, патување полно со предизвици и победи. Сега сум привилегиран што сум опкружен со тим од шампиони кој е полн со талент и одлучност. Со универзална сила и поддршка, соништата ги претвораме во реалност. Заедно да се избориме за уште еден триумф. Обединети, незапирливи сме. Форца Португалија!“, напиша тој како коментар на видеото.
View this post on Instagram
Иберијците вечерва од 21:00 часот го започнуваат учеството на ЕП 2024 со мечот против Чешка во Лајпциг. За 39-годишниот Кристијано ова ќе биде рекордно шесто Европско првенство, а денеска се очекува да забележи врвно достигнување од 26 одиграни натпревари на турнирот.