„Венко (Заев) за вас вратата е затворена“. Тоа е пораката која им ја порачаа граѓаните на Аеродром на Зоран Заев и Венко Филипче.
Оваа герила акција доаѓа по кандидирањето на Венко Филипче за претседател на СДСМ.
Инаку, СДСМ после катастрофалните резултати на претседателските и парламентарни избори, оди на вонредни внатрепартиски избори за нов лидер на партијата.
Кандидати за нов претседател на СДСМ се Јован Деспотовски, Венко Филипче, Славјанка Петровска и Александар Бајдевски.