Свет

Столтенберг во дводневна посета на Шведска

Столтенберг во дводневна посета на Шведска

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе отпатува во дводневна посета Шведска по повод Националниот ден на земјата.

Како што соопшти прес-службата на НАТО, Столтенберг денеска во Стокхолм ќе присуствува на церемонијата за одбележување на Националниот ден на Шведска и ќе има средба со шведскиот премиер Улф Кристершон.

Утре, првиот човек на Алијансата придружуван од Крисиершон ќе присуствува на воена вежба на шведските Вооружени сили.

Најнови вести од Свет

To top