Откако ја запозна својата девојка Богдана, Вељко живееше на релација Белград – Тител, а откако се венчаа боксерот се одлучи да се пресели надвор од Белград и вилата во која живееше со мајка му и сестрата.
Вељко и Богдана уживаат во семејниот дом кој таа го доби во миразот, а имаат и огромен двор со трева и базен каде уживаат со своите три сина.
Наследникот на Цеца освен тоа што се занимава професионално со бокс, има и свој бизнис со свињи за кои неодамна јавно говореше:
„Штом се вратам во Тител се враќам во нормала. Легнувам да спијам помеѓу 21 или 22 часот и се будам околу 4:30 часот, се навикнав таму да се будам пред зора, додека тоа во Белград не го можам. Кога би имал петел него јас бу го будел, но имам само кокошки кои носат јајца. Јадам само тоа што го произведувам, тоа е добро и за децата, го научив од мојата сопруга. Дедото ми одгледува пилиња и свињи, имаме своја фарма. Не ми недостасува Белград ниту малку. За мене подобро е на село, а Тител е навистина убав и полн со шума и природна убавина“, изјавил во една прилика Вељко.
Тој вели дека луѓето таму го прифатиле одлично и дека не е прв кој се преселил од Белград во село.