Фирма од Чаир регистрирана пред еден месец, без потребните дозволи, поставува забавен парк кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, велат од Град Скопје.
-Известуваме дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски, се вели во соопштението од Градот.
Оттаму додаваат дека извршиле надзор, превземаат мерки и го казниле правното лице, но сепак, како што истакнуваат тоа насилно продолжува да работи.
-Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие, се наведува во соопштението од Град Скопје.