Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов после вчерашните изборни резултати се повлече од партиската функција.
-Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ.
Најважни се слободата, мирот и напредокот на #Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.
Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.
#СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој, пишува во својата објава на Фејсбук Костадинов.