Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.
Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18:30, а самата дебата е поделена на два дела.
-Практично на само неколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните, информираат од телевизијата.