Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека нема повеќе драма меѓу него и Мохамед Салах. Како што е познато, пред една недела двајцата влегоа во конфликт на мечот на „црвените“ против Вест Хем. Никогаш не открија што точно си кажале.
-Веќе е решено, нема проблем. Не знам како ќе се снајдевме ако не се познававме толку долго. Но и двајцата се почитуваме толку многу што тоа не е проблем, изјави Германецот на денешната прес-конференција.
По скандалот меѓу двајцата, се засилија гласините дека по завршувањето на сезоната Салах нема да остане на „Енфилд“. Сигурно тогаш заминува и менаџерот, поради што Германецот не сака да коментира на темата за иднината на напаѓачот.
-Треба да се навикнете на фактот дека тоа повеќе не е мој проблем. Мислам дека не треба да зборувам за тоа. Другите луѓе ќе донесат одлука, особено самиот Мо, истакна тренерот.
Тензијата меѓу двајцата се појави во позадина на неубедливите резултати на тимот, поради што „црвените“ веќе немаат речиси никакви шанси за титулата во конкуренција на Манчестер Сити и Арсенал.
Ливерпул барем си го загарантира враќањето во Лигата на шампионите.
„Многу сум среќен што се пласиравме во Лигата на шампионите. Тоа е успех. Дали сите го сфаќаат тоа така? Можеби не. Барем веќе нема тензија и би било одлично ако можеме повторно да прикажеме добар фудбал бидејќи последните неколку недели беа напнати за нас, истакна Клоп.