Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека е започната големата акција за асфалтирање на повеќе од 30 локални улици во Гази Баба.
-Започна голема акција за асфалтирање на над 30 улици во Гази Баба. Продолжуваат инвестициите во подобрување на патната инфраструктура! Развојот и подобрувањето на патната инфраструктура насекаде низ општина Гази Баба останува наш врвен приоритет, напиша градоначалникот на Фејсбук.
Тој откри во кои населени места ќе се асфалтираат улиците.
-Како локална самоуправа и оваа година ќе извршиме асфалтирање на повеќе од 30 улици во Јурумлери, Идризово, Виниче, Булачани, Гоце Делчев, Инџиково, Керамидница, Ченто, Кирил Петрушевски, Хиподром, Раштак и други населени места. Во изминатите две години извршивме реконструкција и ревитализација на повеќе од 60 локални улици, напиша Стефковски