Имено пријавените во својство на службени лица – во еден наврат, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета.
Пријавените иако требало и биле должни да постапуваат согласно закон, истите постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот при спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност па се до изрекување на решение на
Министерот за внатрешни работи со што иако биле свесни и должни да ја прекинат постапката заради настаната апсолутна застареност истите продолжиле се до донесеното незаконско решение.