Атрактивната албанска пејачка со скопска адреса на живеење, Аделина Тахири важи една од оние која живее раскошен живот.
Луксузот во секој сегмент и е лесно достапен, па речиси се’ што ќе посака и е на дофат на рака. Од скапа брендирана гардероба, обувки, парфеми, козмекитика, накит, разни аксесоари, до луксузни автомобили и патувања на најегзотичните светски дестинации. Се’ има, па се може – што би се рекло, а кога веќе се може, само прашање на избор е каде е следното светско одредиште за луксузно уживање.
View this post on Instagram
Верскиот празник Рамазан – Бајрам пејачката и нејзиниот сопруг Серјожа и синчето Јон решија да го искористат за патување во „волшебниот дијамант“ на Блискиот Исток, магичниот Дубаи.
View this post on Instagram
Градот од соништата во кој за пари може да се најде и од „пиле млеко“ беше примамлив за Аделина да ги наполни батериите, душата и веројатно својот куфер, а потоа и дополни домашниот гардеробер.
И се’ одеше како подмачкано, како по протокол од бајка се’ додека не се случи нешто непредвидено што на Дубаи му „расплака мајка“. Нешто што жителите не паметат дека виделе во животот, а е вистинска реткост за локацијата на која овој чудесен град се наоѓа – среде пустина.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Градот го обзема невидено невеме, вистинска орканска бура, која донесе тајфунски ветришта и поројни дождови, кои за само неколку десетици минути донесоа невидени поплави. Дубаи буквално беше претворен во едно големо езеро, зашто за час беа поплавени и трговски центри, молови, хотели и продавници, додека реки вода течеа низ неговите булевари и улици!
Автомобили буквално пливаа како чунови, луѓето бегаа и се криеја спасувајќи глава, а „дијамнтот на Истокот“ беше речиси проголтан од големата, дотогаш невидена поплава!
Во големо езеро беше претворен и меѓународниот аеродром, а сите летови откажани, па илјадници туристи и граѓани, беа принудени да бидат евакуирани и да чекаат, страшниот кијамет да помине!
„Ова е моменталната ситуација! Се враќаме во Дубаи!“ – споделила на една од последните фотографии од големиот аеродромски метеж пејачката на која нејзе и на нејзиното семејство празничниот одмор „им излезе низ нос“! Аделина Тахири со сопругот и синот празнично заминаа за Дубаи, ама овој излет ќе го памтат, зашто оттаму се’ уште никако да се вратат!