Организаторите со задоволство истакнуваат дека поголем дел од влезниците се веќе распродадени, а Теа со нетрпение чека да запее пред публиката која посебно ја обожува, па може и по некоја македонска песна.
Нејзината љубов кон Македонија уште еднаш ја потврди со своите настапи на турнеата во Австралија каде од срце ја испеа „Лихнида кајче веслаше“, а за концертот во Скопје подготвува уште повпечатлив репертоар проследен со уникатен сценски настап кој ќе ве остави без здив, карактеристичен за српската дива.
Извор: вистина.мк