Македонската женската тениска репрезентација загуби од Хрватска во второто коло на Втората Евроафриканската зона од Били Џин Кинг купот.
Магдалена Стоилковска беше поразена со 2:0 од Бошковиќ (7:5, 6:2), додека Лина Ѓорческа водеше со 1:0 во сетови но на крајот загуби со 1:2 (5:7, 6:2, 6:2) од Ружиќ.
На програмата е уште еден меч во двојки, кој нема да направи разлика за конечниот епилог од дуелот.
Македонија на тој начин го освои второто место во групата и ќе разигрува за пласман од 4-6 место.
Противничките ќе бидат познати по завршување на сите мечеви како и распоредот за играње.