Вечерва, по повод Светиот месец Рамазан, потпретесдателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски, заедно со министрите Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, пратениците Бојан Стојаноски и Жаклина Пешевска, градоначалниците Дарко Костовски и Бобан Стефковски и коалициони партнери, присуствувааа на Ифтар вечера во организација на Општинскиот комитет Шуто Оризари.
„На присутните наши пријатели и сограѓани од муслиманска вероисповед им посакавме многу здравје, среќа и спокој.
Да живееме во единство и слога за напредок и иднина на Македонија.
За многу години празникот“ – напиша Мисајловски на Фејсбук.