Свет Израел не ја презеде одговорноста за нападот

СБ на ОН не го осуди нападот врз иранскиот конзулат во Сирија

САД, Велика Британија и Франција се спротивставија на нацрт-декларацијата поднесена од Русија до Советот за безбедност на Обединетите нации за осуда на нападот врз комплексот на иранската Амбасада во Сирија.

СБ на ОН не го осуди нападот врз иранскиот конзулат во Сирија

За овој напад официјален Техеран го обвини сојузникот на Вашингтон, Израел, јавија британските медиуми.

Дипломати изјавија дека САД, поддржани од Франција и Велика Британија, им кажале на своите колеги во Советот дека многу од околностите околу инцидентот од понеделникот во Дамаск се сè уште нејасни и дека во вторникот не беше постигнат консензус меѓу членките на СБ за ова прашање.

„Ова е прекрасен пример за двојните стандарди што ги применува западната „тројка“ и за нивниот фактички, а не само декларативен, пристап кон редот и законитоста во меѓународен контекст“, наведе постојаниот руски претставник во ОН, Дмитриј Полјански, на социјалната мрежа Х.

Советот за безбедност на Обединетите нации во минатото објавуваше соопштенија во кои ги осудува нападите врз дипломатски згради. ЕУ, во средата го осуди нападот со образложение дека не треба да се нарушува неповредливоста на териториите на дипломатско-конзуларните згради и нивните вработени и ги повика засегнатите земји на воздржаност.

САД соопштија дека сè уште не го потврдиле статусот на погодената зграда во Дамаск, но додадоа дека доколку се покаже дека е дипломатска локација, тоа ќе биде причина за загриженост.

Израел не ја презеде одговорноста за нападот, во кој беше уништена конзуларна зграда во непосредна близина на комплексот на амбасадата. Во нападот загинаа седум членови на иранската Револуционерна гарда.

To top