Македонија

Велковски ги посети пензионерите од Општина Аеродром

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска одржа средба со пензионерите од Градскиот сојуз на здруженија на пензионери Скопје, на која од пензионерите повторно беа истакнати лошите и нехумани услови во државните домови за згрижување на стари лица и ниските пензии како приоритетни работи на кои што идната влада ќе мора да работи, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Велковски ги посети пензионерите од Општина Аеродром

Според Велковски, во Македонија има вкупно 342.217 пензионери од кои, како што рече, дури над 60 проценти се со месечни примања под минималната пензија, односно под 20.000 денари.

-Значи оваа категорија граѓани коишто по правило треба да бидат столбот на ова општество, се оставени да преживуваат со по 13-14.000 денари месечно и наводните покачувања од по 600 или 700 денари не можат да ја сменат сликата дека ситуацијата е алармантна. Од посетите по домовите за грижа на стари лица загрижувачка е сликата и гледам дека воопшто и не се вложувало во објектите со што ќе им пружиме достојни услови за живеење таму, рекол Велковски.

На покана на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, техничкиот министер за труд и социјална политика Велковски денеска присуствуваше на еден од часовите по пливање кои се реализираат во рамки на проектот „Бесплатно пливање“ за ученици од прво одделение и дечињата со попреченост од општината.

Најнови вести од Македонија

To top