Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за новите цени на нафтените деривати.
Согласно одлуката, од полноќ за два денари поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 , додека цените на останатите горива не се менуваат.
Ова се ноците цени на нафтените деривати:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,797 (денари/килограм)