Македонија ИНТЕРВЈУ

Мицкоски: На изборите ќе бидам носител во првата изборна единица

„Нема како тоа да не биде отсликано во ваков извештај за уназадување на Македонија а не за напредокот и колку побргу се случат парламентарни толку побргу Македонија ќе тргне и ќе зачекори по оние патеки по кои сите ние очекуваме дека ќе чекори“.

Мицкоски: На изборите ќе бидам носител во првата изборна единица

Ивештајот на Европската комисија е извештај за уназадувањето на Македонија, но не сум изненаден бидејќи континуирано предупредуваме на ова што се случува. Граѓаните се сведоци на реалноста дека во Македонија тешко се живее и оти имаме едно политичко-криминална коалиција на власт. Инфлацијата руши рекорди, стандардот е низок ,учениците немаат учебници, пензионерите протестираат а младите се селат, а криминалот и корпуцијата се во пораст наведува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервујто за „Република“.

-Нема како тоа да не биде отсликано во ваков извештај за уназадување на Македонија а не за напредокот и колку побргу се случат парламентарни толку побргу Македонија ќе тргне и ќе зачекори по оние патеки по кои сите ние очекуваме дека ќе чекори.Имаме рекордно ниска недоверба во партизираното обвинителство и судство.Недовребата во правдата е основа на извештајот.Не гледам никаква визија и персектива што ја нуди оваа влада на СДСМ и ДУИ-објаснува Мицкоски за „Република“.

Мицкоски има коментар за т.н европски фронт.

-Тоа го користеа како п.р трик мислејќи дека на тој начин ќе заведат дел од граѓаните  и ќе добијат некаква милост од страна на меѓународната заедница.Од една страна потпишуваа договори кои не се во можност да ги испорачаат бидејќи се понижувачки, а од друга страна додека тоа го правеа со едната рака со другата крадеа.Тие се водеа од максимата дека тоа што тие и го прават на Македонија и на граѓаните е внатрешен проблем а дека меѓународната заедница тоа не ја интересира толку колку што ја интересира тоа што го потишуваат. Има простор за уште поголема критика посебно во делот на злоупотреба на европското знаменце каде што на еден брутален начин се избегнуваат процедурите во Парламентот како со измените во Кривичниот законик со кој се обидуваат да се амнестираат, aнализира Мицкоски.

Тој објасни по која политика се водат.

-Подобро да биде тешко отколку да биде срамно.За жал тие одбраа да биде срамно отколку тешко и мислат дека на овој начин ќе обезбедат за себе некаква амнестија кога ќе бидат во опозиција.

Мицкоски коментира дека Самитот на ОБСЕ наместо промоција на Скопје и Македонија се претвара во уште еден скандал во режија на власта.

-Не очекувам ништо повеќе од власта сега кога се на неколку месеци на губење на фотелјите што за нив значат сѐ бидејќи без тие фотелји се ништо.Ништо не би ме изненадило од овие луѓе до формирањето на техничката влада и до народната влада која ќе ја избере народот.

За Мицкоски нема дилеми дека отворањето на музејот на УЧК е обид на ДУИ за реминисенција на национал романтичарски теми за прикривање на криминалот.

-Враќањето и реминисенција на национал романтични идеји од некои минати времиња за ДУИ се секогаш можност да се обидат да го дефокусираат јавното мислење од реалните теми и проблеми.Кога знаете дека Гостивар, Кичево, Струга,Чаир, се празнат и луѓето се иселуваат и кога гледате дека неколкумина од вршушката од ДУИ стануваат милионери и сопственици на милионски имоти, располгаат со многу моќ и финансии тогаш за тоа го одбегнат единствената работа која што ја прават враќање на некои национал романтични времиња и на тој начин се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ но и другите албански политички субјекти да ги навлечат на терен на кој тие се највешти.Но, мислам дека македонската јавност и партиите се свесни за оваа груба манипулација и тоа не фати корен и таа биста ја снема.Но, тие нема да престанат.Секој таков скандал значи дека се случува нов грабеж и неколку нови автобуси полни со млади луѓе кои се иселуваат.

Мицкоски потсетува дека сето она што досега го објави за скандалот со Клиниката за онколоција никој не го дематираше.

-Тоа што го објавив во јавноста е извештај на Фондот за здравство кој врши вонреден инспекциски надзор на јавните набавки и работењето на Министерството за здравство и Клиниката за Онкологија. Во МЗ вонредно се мониторира периодот од први август 2021 година до први август 2023 година. На Клиниката за Онкологија опфатен е периодот демекври 2022-јануари, февруари, март 2023 година.Кога сето тоа ќе се анализира доаѓаме до низа заклучоци кои што наведуваат дека не само што не престанало она девијантно однесување на канцер мафијата туку тоа продолжува.Не биле навремено испорачувани лекарствата кои што требало да бидат аплицирани на пациентите и за тоа никој не сноси одговорност а нема ни негативна референца кон дистрибутерите кон веледрогериите.Често пати се создавани дефекти во системот односно отсуство на соодветни медикаменти кои требало да се аплицираат на оние што било најпотребно и морале приватно да ги купуваат.Констатирано е и дека  голем број на пацинти врз основа на нивно барање а извештај на специјалисти и супспецијалисти ја аплицирале таа терапија во други установи.Се поставува прашањето дали постои протокол според кој се дозволува да биде аплицирана терапијата во други установи.Нашите информации говорат дека таков протокол на Клиниката за онкологија не постои.Понатаму, дали транспортот на тие терапии е согласно договорот со дистрибутерот или веледрогеријата, односно дали транспортот на материјалот е на термички услови од два до осум степени или пак можеби се носени во торбичка. Дали пакувањата како доказ се носат во Клиниката за Онкологија дека терапијата е аплицирана и кој стои позади таа апликација на пациентите. Дали вијалите каде што имаме пакување што  поголемо од потребите на пациентот се евидентирани како остаток и  дали се аплицирани на други пациенти.Има многу прашања. За сево не знаеме ни дали Обвинителството има предистрага но знаеме дека оваа канцер мафија и омилената веледрогерија се во една тешка коалиција и ветувам дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата сериозно ќе се занимаваме со работењето на оваа Клиника и врските со канцер мафијата.Од свиркачи добиваме сериозни документи со индиции но и докази дека ова се повторува и на други клиники.Ова е грозоморен настан на кој мора да му се стави крај и потребни се имиња и мораме да го впериме прстот кон вистински виновници. Не можеме да ги генарализираме работите, рече Мицкоски.

Мицкоски за „Република“  за прв пат открива во која изборна единица ќе биде носител на парламентарните избори.

Јас роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош која е дел од изборна единица 1 и логично е тоа да биде единицата во која што ќе ја предводам листата на ВМРО-ДПМНЕ.

Целото интервју со него, прочитајте го на РЕПУБЛИКА

 

Најнови вести од Македонија

To top