Меси го повреди мускулот на ногата на осминафиналниот дуел во Конкакаф купот против Нешвил на кој постигна гол за Интер Мајами, а запиша и асистенција, пред да биде повлечен од теренот.
Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, рече дека целта на Меси и на клубот е аргентинскиот фудбалер да биде подготвен за првиот натпревар од четвртфиналето во Купот Конкакаф во кој американскиот клуб на домашен терен ќе игра против мексикански Монтереј на 4 април.
„Се сомневам дека може да биде подготвен за натпреварите на репрезентацијата. Попаметно е да има малку подолга рехабилитација за да може целосно да закрепне“, изјави Мартино.
Пред Аргентина се два пријателски натпревари, против Салвадор во Филаделфија на 22 март и четири денови подоцна против Костарика во Лос Анџелес.