На настанот ,,Отворен ден за граѓаните”, присутните имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар и да се запознаат со дел од вооружувањето, борбените системи, армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.
Заинтересираните имаат можност поблиску да се запознаат со техничките карактеристики на борбени, системи и артилериските орудија од артилерискиот баталјон, дел од вооружувањето, воената опрема и возила од баталјонот на воена полиција, четата АБХО, Баталјонот за врски и извидувачко разузнувачкиот баталјон.
– Со зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО се реализираше една од нашите најважни стратешки цели, што беше заеднички зацртана со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година. Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и претставува најсилна гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија. Ние сме еднаков дел од големото семејство на развиени демоктратии, што обединува безмалку една милијарда луѓе и 50 проценти од светскиот бдп. Ние сме НАТО, беше кажано од официјалниот спикер пред граѓаните на градскиот плоштад во Кавадарци.
На штандовите може да се проследи и промоција на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” и презентирање на Сквадронот за обука и тренинг на вВИНГ.
На настанот, присутните имаат можност да дегустираат војничко гравче, како и да се освежат со чај, вода и сокови.