Македонија „Треба да поставам стандарди“

Османи: Сите ми се чудат како може 10 години да сум министер, а да немам ниту еден бизнис

Претходно во поткаст на Плусинфо, Османи рече дека ако не земе плата еден месец, ќе мора да се задолжи.

Османи: Сите ми се чудат како може 10 години да сум министер, а да немам ниту еден бизнис

На луѓето им е чудно како е можно, 10 години да бидам министер а да немам свој бизнис, вели претседателскиот кандидат на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи.

„Чудно им е како може министер 10 години да нема друг приход, да има некој бизнис од кој што ќе добие приход. Немам јас други приходи, јас сум поминал низ ветинг од сите институции, навистина немам други приходи и мислам дека од тоа не треба да се срамам, треба да поставам стандарди и јас се надевам дека и моите колеги ќе излезат со истото тврдење дека немаат други приходи. Тоа со задолжувањето беше извадено од контекст, рече Османи.

Претходно во поткаст на Плусинфо, Османи рече дека ако не земе плата еден месец, ќе мора да се задолжи.

Најнови вести од Македонија

To top