Малолетник од гевгелиско го загуби животот денеска по удар од гром. Момчето во тој момент напасувал добиток на отворено.
-Денеска во 15.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во атар на с.Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток, соопштија од МВР.
Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.
Гевгелискиот регион попладнево беше зафатен од силно невреме.
С. Мрзенци, Гевгелија од денешното невреме. pic.twitter.com/6C6Qn0Vz1w
— Сафра (@metokara09) March 7, 2024