Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти постави нов рекорд во Лигата на шампионите по бројот на победи во натпреварите на елитното натпреварување.
Реал Мадрид синоќа ја совлада Брага (3:0) во натпреварот од 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Оваа победа беше 116-та за Анчелоти како тренер во елитното фудбалско натпреварување.
Шеесет и четиригодишниот Италијанец го собори рекордот на поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон (115 победи).
Легендарниот Фергусон се повлече од тренерската работа во 2013 година.