Претпладне во западните делови ќе има појава на ниска облачност или магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, а дневните до максимални 18 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура е 15 степени.
Од утре попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.