Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.