Како што соопшти МВР, ноќеска осум минути по полноќ во СВР Скопје, било пријавено дека на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во соопштението на полицијата.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.