Свет

Полска ја продолжува привремената гранична контрола со Словачка

Полска ја продолжува привремената гранична контрола со Словачка

Полска ќе ја продолжи контролата на границата со Словачка до 2 март за да ги спречи илегалните мигранти кои доаѓаат од нејзиниот јужен сосед, соопшти полското Министерство за внатрешни работи.

Поради континуираната закана од илегална миграција, министерот за внатрешни работи и администрација (Марчин Кервински) ја продолжи привремената гранична контрола долж државната граница со Република Словачка за периодот од 2 февруари до 2 март 2024 година, соопшти полското Министерство за внатрешни работи.

Словачка е транзитна земја за мигрантите претежно од Блиски Исток и Авганистан, чија крајна дестинација најчесто е Германија.-кои сакаат да стигнат до Западна Европа, особено Германија.

Полска, Чешка и Австрија ги зајакнаа граничните контроли со Словачка на 4 октомври минатата година. Подоцна, мерките беа продолжени неколку пати. Чешка најави дека ќе ја укине привремената гранична контрола Словачка.

Полска, Словачка, Чешка и Австрија се дел од Шенген зоната на слободно движење.

Најнови вести од Свет

To top