Емина Јаховиќ во голема мера се повлече од медиумите, а сега во јавноста се појавија информации дека решила да го згасне својот козметички бренд кој го лансираше пред неколку години.
Како што во своето обраќање на Тик Ток откри инфлуенсерката Нина Гавран, Емина сака да го затвори познатиот бренд и да ги повлече производите од пазарот.
Брендот за убавина на Емина згаснува, а јас полудувам, па нарачав залиха од се – вели таа во своето видео.
Нина во коментарите ја прашале од каде ја добила оваа информација, а таа објаснила дека така и кажале во продавницата, но и дека се надева дека сето тоа е дезинформација.
Од друга страна, има и такви кои мислеа дека можеби ќе го сменат името на брендот, ќе направат редизајн или нешто друго, бидејќи за нив е незамисливо таа да се реши на тој чекор и да се откаже од се.
Емина за ова се ушт не соопштува ништо.
Пејачката вложи огромни суми пари во својата компанија и козметика, а производите ги промовираше низ Европа, поради што многу јавни личности ја користеа нејзината шминка. Покрај шминката, Емина инвестирала и во парфеми за чие производство лично се грижела и едуцирала во Франција, поради што на многумина им е незамисливо дека ќе го згасне брендот.