Македонија бензините поевтини 2 денари

Од полноќ стапуваат во сила новите владини мерки за намалување на цените на горивата

Владата донесе одлука за намалување на акцизата за дизелот за четири денари, а за бензините за два денари. Паралелно, продолжува и мерката за намалена стапка на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, додека со компанијата ОКТА е договорено да продолжи и дополнителниот попуст – два денари кај бензините и три денари кај дизелот, најмалку до крајот на април.

Од полноќ стапуваат во сила новите владини мерки за намалување на цените на горивата

Од денес на полноќ ќе стапат во сила новите владини мерки за намалување на цените на горивата, со кои дизелот ќе се продава по непроменета цена, додека бензините ќе поевтинат за два денара по литар. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната вонредна владина седница.

Владата донесе одлука за намалување на акцизата за дизелот за четири денари, а за бензините за два денари. Паралелно, продолжува и мерката за намалена стапка на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, додека со компанијата ОКТА е договорено да продолжи и дополнителниот попуст – два денари кај бензините и три денари кај дизелот, најмалку до крајот на април.

Според Мицкоски, мерките имаат за цел да го ублажат ценовниот притисок врз граѓаните и да го зачуваат животниот стандард. Тој посочи дека и покрај значително зголемената побарувачка – особено во пограничните региони, каде што се бележи и до трикратно зголемување – засега нема потреба од ограничување на количините што ги купуваат странски државјани.

Во случај кризата да продолжи, Владата размислува за дополнителни интервенции, меѓу кои и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на нула отсто, како и повторно активирање на мерката за замрзнување на маржите. Притоа, се разгледува можноста ефектите од таквата мерка да траат и по нејзиното формално укинување, со цел да се спречи нагло поскапување.

Најнови вести од Македонија

To top