Маж се закани дека ќе нападне брз воз во западна Германија и лесно повреди неколку лица пред да биде уапсен, објави ДПА, повикувајќи се на полицијата.
Портпаролката на полицијата изјави дека огномети експлодирале во воз што сообраќал од Келн до Франкфурт. Мажот е уапсен во Зигбург, во близина на Бон.
Осомничениот се заклучил во тоалет во возот. Германскиот таблоид „Билд“ објави дека огнометот го фрлил во ходник на возот.
Возот бил евакуиран. Сè уште нема информации за бројот на патници во него.