Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел постигнал повеќе од половина од своите воени цели против Иран, без притоа да даде поконкретен временски рок за завршување на војната.
Тој го изјави ова во интервју за американскиот телевизиски канал „Њузмакс“ (Newsmax).
– Јасно е дека сме изминале половина пат. Сепак, не сакам да одредувам временски рок – одговори израелскиот премиер на 31-виот ден од војната против Иран.
– Мислам дека овој режим ќе се сруши одвнатре. Засега, во овој момент, она што го правиме е едноставно поткопување на нивниот воен капацитет, нивниот балистички капацитет, нивниот нуклеарен капацитет, а исто така и нивно слабеење одвнатре – додаде Нетанјаху.