Свет Истрагата за мотивите на нападот е во тек

УЖАС: Едно дете убиено, осум ранети во пукање во училиште во Аргентина – и убиецот е дете

Според сведоштвата на учениците, напаѓачот излегол од тоалетот вооружен, по што меѓу децата настанала паника и тие почнале да викаат. Во тој момент, тинејџерот почнал неселективно да пука во нив.

УЖАС: Едно дете убиено, осум ранети во пукање во училиште во Аргентина – и убиецот е дете

Едно 13-годишно момче е убиено, а најмалку осум лица се ранети откако тинејџер отвори оган во училиште во аргентинскиот град Сан Кристобал.

Напаѓачот, 15-годишен ученик, веднаш бил приведен од страна на полицијата.

Според сведоштвата на учениците, напаѓачот излегол од тоалетот вооружен, по што меѓу децата настанала паника и тие почнале да викаат. Во тој момент, тинејџерот почнал неселективно да пука во нив.

Локалните власти соопштија дека оружјето користено во нападот е ловечка пушка.

Истрагата за мотивите на нападот е во тек.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top