На 28.01.2024 во 19.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода В.Л.(39) од Гостивар.
Гостиварецот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31 – годишна сопруга, по што со метален предмет ја оштетил покуќнината.
В.Л. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.