Македонија Заев се уште го води СДС и го контролира Филипче

Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на новиот ЦО на СДС и Филипче, Стојан Коциров кој воедно е и поранешен претседател на младите во Струмица на СДС, е нов директор на струмичката фирма.

Станува збор за фирма која до пред само некоја година лично Вице Заев управувал со неа. Истата фирма, била и добитник на голем број тендери во Струмица кога Заев бил градоначалник, но и низ цела Македонија, кога Заев бил премиер. Сара Инженеринг ДОО Струмица е меѓу должниците на Управата за јавни приходи за нецелосно исплатени даноци, како и меѓу фирмите кои добивале кредити од Еуростандард пред банката да биде затворена со стечај.

Заев се уште го води СДС и го контролира Филипче. Го мести за претседател, му мести ПР, му мести луѓе за членови на ИО и ЦО, и неговите луѓе кои се блиски соработници на Филипче, ги става директори на фирми блиски до неговото семејство, се вели во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top