Македонија ВМРО-дпмне

Манасиевски: СДС и Филипче промовираат антидржавна политика по насока на куќниот пријател на Заев, Башановиќ

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Манасиевски: СДС и Филипче промовираат антидржавна политика по насока на куќниот пријател на Заев, Башановиќ

Манасиевски во својата изјава оцени дека СДСМ, „од некогаш државотворна партија, станала прокси партија“, притоа директно посочувајќи ги Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев како носители на, како што рече, „антидржавна политика“. Во изјавата се споменува и Зоран Башановиќ, кого Манасиевски го опиша како лице што има влијание врз креирањето на таквите политики.

Според него, политиките што подразбираат, како што наведе, „коленичење кон одредени соседи и прифаќање на нивните барања“ се штетни за државните интереси и за македонскиот народ. Манасиевски тврди дека ваквиот пристап е дел од статутарните определби на СДСМ и дека токму тоа придонело за пад на довербата кај граѓаните.

„Рејтингот на Филипче и на СДС се брои на прсти“, изјави Манасиевски, додавајќи дека партијата не ја извлекла поуката од, како што рече, пораките што ѝ ги испратил народот на изборите.

Најнови вести од Македонија

To top